Повеќе бродови и јахти се изгорени вечерва во големиот пожар на пристаништето во Каштел Гомилица во Хрватска.

Како што објави „Н1“, пожарот избувнал во 20 и 15 часот на еден од бродовите во марината, а потоа се проширил и на останатите јахти и бродови во близина. Густи облаци црн чад се издига над градот, а сите противпожарни сили се на терен за да се спречи ширењето на огнот на уште повеќе бродови. Според медиумите изгорени се пет брода, а околу 21:30 се слушнала и експлозија.

„Не станува збор за инсталација, туку човечки фактор е причина за огнот на еден од бродовите. Екипажот се обидел да го изгасне огнот, но пламенот ги зафатил јажињата кои изгореле па бродот почнал да плута кон другите јахти. Огнот веднаш зафатил друга јахта, а потоа и останатите три. Среќа што немаше ветер и огнот не зафати уште бродови, но и вака штетата е огромна. Најважно е што нема повредени“, рекол сопственикот на марината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.