Поради ситуацијата со новиот коронавирус во Црна Гора, претседателот на Управниот одбор на Центарот за мониторинг и истражување, Златко Вујовиќ, смета дека изборите, кои се закажани за 30 август, треба да се одложат.
Уставниот рок за нивно одржување е средината на октомври и според Вујовиќ, „треба да им се даде шанса на здравствените работници, но и на граѓаните, ситуацијата да се подобри“.
Поради коронавирусот не треба животот да застане, но тоа не значи дека по секоја цена треба да се организираат избори во време кога епидемиолошката ситуација во земјата е лоша – смета Вујовиќ.
Тој истакна дека „изборите мора да се одржат и покрај Ковод-19, но во рамки на уставниот рок треба да се најде термин, дури и последниот – 18 октомври“.
Можеби епидемијата ќе биде силна и во октомври, но можеме да кажаме дека сме направиле се како одговорни лица и да избереме термин кој им остава простор на нашите здравствени институции да дадат одговор на сето тоа – порача Вујовиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.