Ако некој се наоѓа на потерница на Интерпол, тогаш што има да се размислува за тоа дали некој ќе го испорача или не .Очигледно овде се политички причини во прашање, изјави Ивица Дачиќ, министер за надворешни на Р. Србија.

 

Во гостувањето на ТВ Прва, Дачиќ изјави дека не е добро што со неиспорачувањето , всушност им се овозможува на оние кои се обвинети за воени злосторства , никогаш да не одговараат. Го спомена примерот со Харадинај кој беше приведен од Франција но, за кусо време и ослободен.

 

Не ги испорачуват никогаш но проблемот е во тоа што тие нема да одговараат никаде. Не е проблем ако постои некоја пријава на Косово и не е проблем дали тие би одговарале за воени злосторства пред судот на Косово или пред Меѓународниот суд , туку тие нема никаде да одговараат.

Тоа е една аболиција за терористи , за луѓе кои вршеле воени злосторства и тоа е нешто што навистина е неприфатливо. Франција исто така го пушти Харадинај. А потоа доаѓаат и кажуваат би било добро Косово да влезе во Интерпол а тие самите не го почитуваат тој Интерпол истакна Ивица Дачиќ, министер за надворешни на Р. Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.