Со тврдењето дека земјата е во криза, започна говорот на претседателот на „Демократска Бугарија“, Христо Иванов за време на првото заседание на новиот бугарски парламент, пренесуваат дел од медиумите.
Бугарија е во криза. Најочигледен пример за овој факт е дека немаме полноправно нормално раководство повеќе од една година. Немаме Влада што ужива доверба и која има парламентарна поддршка. Немаме јасна формула како да ја формираме следната влада, рече Иванов. Тој се осврна и на приоритетите на надворешен план.
Овој парламент треба да го брани бугарскиот национален интерес во однос на Македонија, да ја брани вистината, но и да најде начин заедно да станеме членки на ЕУ – рече копретседавачот на „Демократска Бугарија“.
Тој исто кажа дека Бугарија е исправена пред голем број предизвици, како подготовката за претстојниот нов бран на коронавирусот, а на второ место е реализација на Планот за развој и одржливост.
Во исто време, мора да гарантираме дека парите нема да бидат украдени, туку ќе бидат инвестирани во вистинска модернизација на земјата, во човечки капитал, заклучи Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.