Првата сопруга на претседателот Доналд Трамп, Ивана Трамп (70), е оперирана во приватна очна клиника во Загреб, пренесоа хрватските медиуми.
Таа дошла специјално во Хрватска за да го реши проблемот со видот, во приватната клиника, каде претходно истото го сториле и Арман Асанте, Франко Неро, Раде Шербеџија…
За офталмолошката клиника во Загреб ми кажаа пријатели од Њујорк кои веќе се оперирале овде и кои имаат само пофални зборови за услугата и стручњаците. Кај нив забележав дека операцијата во целосно им го подигна квалитетот на животот, па после прегледот чекав погоден момент за да се изврши операцијата, рекла Трамп по интервценцијата.
Таа додала и дека операцијата била брза и безболна и сега не мора да користи очила.
Престојот во Загреб го искористила и за неофицијална средба со градоначалникот Милан Бандиќ.
Сепак, операцијата не е единствената причина за посетаата на агреб.
Ивана Трапм е член на жирито во Мис на Универзумот Хрватска 2019.
Тоа што Ивана Трамп е во Загреб е голема работа и за Загреб и Хрватска, но и за регионот, изјави загрепскиот градоначалник.
Додека Бандиќ зборувал пред новинарите, Ивана посакала да се бакне со него. Паднале два бакнежи со стаписаниот Милан, па тој се свртел да ја заврши изјавата, но госпоѓата Трапмп се побуниа „Не, не не!“. Не ѝ биле доволно два бакнежи со хрватскиот градоначалник, кој брзо се прибрал, па паднале и трети, па и четврти бакнеж пред новинарите, пренесува „Јутарњи лист“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.