Една од партиите се спротивстави на коалицискиот договор, поради што неопходно беше одржување итен состанок во зградата на Народното собрание на Бугарија, за БТВ соопшти поранешната претседателка на 45. и 46. Собрание Ива Митева од партијата „Има таков народ“.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Митева тие внимателно го прочитале договорот и сите нејаснотии биле расчистени.
ИТН имаше барања за расчистување на формулациите и од политички аспект поставуваше прашања поврзани со назначувањето на извршните директори и претседателите на државните комисии, рече Митева.
Таа потврди дека „Има такви луѓе“ во иднина ќе има вицепремиер во владејачката коалиција во Бугарија, додавајќи дека тоа ќе биде министерот за регионални прашања.
БСП се спротивстави на дел од текстот на коалицискиот договор. Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, изјави дека сака сè да биде детално разработено и дека нема ништо чудно во тоа. Според неа, во третиот дел од договорот – законодавниот, партијата има предлози за дополнувања кои се однесуваат на социјалната сфера.
„Демократска Бугарија“ доби согласност од коалиционите партнери Христо Иванов да го потпише коалицискиот договор, според кој ќе имаат еден вицепремиер и двајца министри.
Според „Труд“, пак, потпишувањето на коалициониот договор за Влада по дополнителните усогласувања, веројатно ќе се потпише утре или за време на викендот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.