Од историско значење е одлуката на ЕУ за почеток на преговори соМакедонија и Албанија, рече министерот за надворешни работи на Италија Луиџи ди Маио по денешната средба со неговиот грчки колега Никос Дендиас.

Европската перспектива на Западен Балкан беше меѓу темите за кои разговараа шефовите на двете дипломатии.

-Го поддржуваме процесот на проширување и главно одлуката на Европската унија да започне преговори со Македонија и Албанија. Ова е од историско значење за кое верувам дека придоенсоа и континуираните и заедничи активности и напори на Грција и Италија, рече министерот за надворешни работи на Италија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.