Анкета спроведена од агенцијата Валикон, покажува дека 13 отсто од Хрватите сигурно ќе се вакцинираат кога вакцина против Ковид-19 ќе дојде во Хрватска, додека 21 отсто сигурно нема да се вакцинираат.

Според истражувањето, 30 проценти веројатно ќе се вакцинираат, а 36 проценти веројатно нема да ја примат вакцината.

Оние кои ќе се согласат на вакцина, би се вакцинирале од одговорност кон другите, како и затоа што со тоа би се сузбила заразата. Некои од нив би го сториле тоа како мерка на претпазливост, а некои од нив не сакаат да ги заразат старите лица или нивните семејства.

Една четвртина од испитаниците ќе се вакцинираат затоа што се постари и затоа што тоа е препорака на струката.

Оние кои не би се вакцинирале се загрижени затоа што не веруваат во новата вакцина, а дел од луѓето се плашат од несакани ефекти. Секое трето лице кое се противи на вакцината верува дека вакцините се генерално небезбедни и имаат последици по здравјето. Еднаков број од нив веруваат дека не се ризична група, а четвртина испитаници мислат дека вирусот мутира, па вакцината нема да ги заштити.

Анкетата е направена на примерок од 523 испитаници, со маргини на грешка од 4,3 проценти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.