Единаесеттта жртва на корона вирусот во Бугарија е 81 годишен маж од Стара Загора кој бил примен на 25 март во Универзитската болница во Стара Загора поради основната болест – тешка форма на дијабетис со 27 промили на шеќер во крвта и со бронхопневонија.

Откако му бил направен тест за Ковид-19, кој се покажал позитивен, бил преместен на Инфективната клиника.

Починал во четвртокот околу 19 часот. Неколку часа пред тоа се почувствувал подобро и посакал да испуши цигара на прозорецот, а лекарите тоа му го дозволиле, раскажал за 24 часа д-р Јовчо Јовчев.

Клиниката за ендокринологија каде првично бил примен пациентот веднаш била ставена во карантин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.