Раденко Милановиќ од Зубин Поток е повреден денеска за време на акцијата на косовската полиција во тоа место и вели дека припадници на единицата РОСУ пукале на нив, упаѓале во домови и малтретирале жени и деца.
Ме бркаа мене и пукаа во мене, скокнав од три-четири метри и си ја повредив ногата, а тој дојде до мене и продолжи да пука. Беа маскирани, имаа фантомки и беа под полна воена опрема, рекол Милановиќ, кој заедно со повредениот Бобан Јанаќиевиќ е сместен во Клиничко болничкиот центар во Косовска Митровица.
Се ни уништија. Ние бевме со голи раце, никој од нив не пукаше, како што се повлекувавме така ни поставуваме препреки да не можат да поминат, тие се рушеа и палеа. Влегуваа во куќи, малтретираа жени и деца, раскажа Миловановиќ.
Тој додал дека припадници на РОСУ ги тепале сите кои не можеле да избегаат, а седум лица биле однесени, пренесува Курир.рс
Дошле од магистралниот пат до куќите и почнале да пукаат.
Миловановиќ при нападот на единицата РОСУ се здобил со затворени повреди на десната потколеница, а Јанаќиевиќ со отворени повреди на левата потколеница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.