Непознати лица провалиле во црквата Свети Петар и Павле во селтото Брод на Косово и на ѕидовите на храмот испишале графити „ОВК.
Од рашко-призренската епархија соопштија дека на 1 јули, косовската полиција го известила локалниот свештеник во Штрбац, дека во тек на рутинско обиколка на храмовите го забележале оштетувањето на вратата на црквата.
Во објавата се додава дека била искршена бравата на капијата, со сила била отворена вратата на црквата и биле испишани графитите на нејзините внатрешни ѕидови.
Рашко-призренската епархија изразува загриженост поради овој, уште еден во низата вандалски напади на нашите храмови на Косово и Метохија и апелира на почитување на основните верски слободи, како и духовното и културно наследство на православните Срби на КиМ – се наведува во објавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.