Македонец и Србин се приведени во Загреб поради сомение дека направиле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Во проверка на автомобил со српски регистарски таблички во предниот дел на ауспухот пронајдени се вклупно четири пакети хероин со вкупна тежина од 2.199 грама.

Осомничени се 32-годишен државјанин на Македонија и 62-годишен државјанин  на Србија. Во апсењето помогнала Маша Иси ТОп, службено куче, кое веднаш ја надушкало дрогата

Маша е докажан полициски пес. Во февруари оваа година надушкала 4 кг марихуана, а пред неполни две недели пронашла 8 кг марихуана на авопатот А1.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.