Бројот на жртви од корона вирус во Црна Гора надмина 2.000 луѓе, со што од почетокот на пандемијата во пролетта 2020 година, земјата загубила вкупно 0,3 проценти од своето население.
Во изминатите 24 часа во Црна Гора, се регистрирани пет починати лица како последица од инфекција со корона вирус, така што вкупниот број на смртни случаи достигна 2.005.
Црна Гора не е надвор од светскиот просек кога станува збор за смртност од корона вирус, но за земја со мал број жители тоа е 0,3 проценти од вкупното население, што е големина на некои црногорски градови, како што се Шавник, Петњица или Жабљак – вели пензионираниот епидемиолог, Новица Вујошевиќ.
Во Црна Гора, околу пет илјади луѓе се заразени со Ковид-19, од кои околу 100 се наоѓаат на оддели за интензивна нега.
Најмладата жртва на корона вирусот во таа земја е 19-годишна девојка од Никшиќ, која почина во вторникот во Клиничкиот центар во Црна Гора.
Земјата се вакцинирани речиси 50 проценти од возрасната популација, а неодамна здравствените власти препорачаа жителите да примат трета доза од вакцината, пет месеци по ревакцинацијата.
Епидемиолошките мерки усвоени од црногорските здравствени власти обврзуваат носење заштитни маски на отворено и во затворени простории, а само вакцинираните лица и оние со негативен ПЦР тест им е дозволено да влезат во кафулиња и ресторани. Забранети се и масовни собири на граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.