Миломир Савчиќ (62) требаше да биде во притвор веднаш по одлуката на судскиот совет, но припадниците на судската полиција не го најдоа на домашна адреса, а неговиот адвокат изјави дека не знае каде е неговиот клиент.

Савчиќ сега ја врши должноста претседател на организацијаta на воените ветерани на војската на босанските Срби (БОРС). За време на војната во БиХ, тој беше близок соработник на Ратко Младиќ и командант на полкот за заштита во седиштето на армијата на босанските Срби. Бше обвинет за воени злосторства и помагање во вршењето на геноцидот врз Бошњаците во Сребреница во јули 1995 година.

Тој е директно обвинет за убиство на најмалку илјада Бошњаци во Нова Касаба, каде што тие биле донесени откако биле фатени во обид да избегаат од Сребреница, кога беше освоена од српските војници.

Судењето на Савчиќ почна во 2020 година, а судскиот совет му дозволи да биде слободен до крајот на судењето, со забрана за јавни настапи и напуштање на БиХ.

Сепак, Савчиќ јавно ги коментираше наводите во обвинението против него во најмалку четири наврати и негираше дека е извршен геноцид во Сребреница.

Обвинителството на Босна и Херцеговина затоа побара да му биде одредена мерка притвор,а Судскиот совет ја прифати мерката во понеделникот.

Савчиќ беше на рочиштето за да одлучи дали ќе биде притворен, но потоа го напушти седиштето на судот во Сараево и откако вечерта дошла судската полиција кај него да го приведе, тој не бил таму.

Сопругата тврди дека не знае каде е.

Бројни српски обвинети за воени злосторства во БиХ побегнаа во Србија по поднесувањето на обвинението, па дури и по изрекувањето на пресудата, бидејќи тие генерално имаат двојни државјанства што ги штитат од екстрадиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.