Денеска ненадејно почина познатиот бугарски новинар Георги Коритаров кој стана познат во македонската јавност по неговите интервјуа со македонските политичари.
Тој последните години ја водеше емисијата „Свободна зона“ каде често тема на разговор беа македонско-бугарските односи и често имаше бројни гости од Македонија. И покрај контроверзноста на тематиката, Коритаров никогаш не пропагираше против нашата земја и професионално ја извршуваше својата работа, често ставајќи ги и бугарските политичари во непријатна ситуација.
Веста за неговата смрт на 61-годишна возраст ја сподели извршниот директор на телевизијата Европа, Георги Харизанов.
Драги пријатели, не знам точно како се соопштува ваква вест. Не знам што да се каже, не знам како се разбира, не знам како да живеам со тоа. Вчера се смеевме во етерот. Денес разбирам дека повеќе нема да се видиме. Нема да зборуваме. Нема да се расправаме. Нема да размислуваме заедно, да работиме заедно, да читаме и да пишуваме заедно. Среќен сум што бев мал дел од животот на овој голем човек. И тој од мојот. Ќе се обидам да се насмеам секогаш кога ќе помислам на него. Но, тешко дека ќе успеам, напиша Харизанов на својот Facebook профил.
Коритаров е роден на 10 мај 1959 година во Софија. Дипломирал Словенска филологија – српскохрватски јазик при Софискиот универзитет, а како новинар почнал да работи во весникот „Демокрация“ во 1990 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.