Министерството за внатрешни работи на Република Српска било известено од страна на Интерпол дека на социјалната мрежа „Тик-ток“ е најавено масовно самоубиство на млади лица.
Министерството апелира до сите родители, посебно оние кои знаат дека нивните деца се активни на социјалните мрежи и дека имаа профил на „Тик-ток“, веднаш да ги проверат активностите на своите деца на интернет. Исто така, деновиве да им посветат посебно внимание, поточно постојан надзор, соопштува МВР на Република Српска.
Иако од досегашните информации, овој повик се однесува на локална „Тик-ток“ група во Русија, припадниците на МВР пристапиле со маскимално внимание, со цел превенција од било какви негативни последици.
На територијата на Република Српска веќе се вршат проверки за наведените информации.
И српското Министерство за внатрешни работи вели дека е во тек со случувањата и дека ги прегледуваат сите можни информации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.