Бугарските разузнавачки служби дошле до прецизни информации за приридата на тајната средба меѓу македонскиот премиер Зоран Заев, лидерот на Сојузот за Србија Драган Ѓилас, американскиот дипломат Ерик Бернс и специјалниот советник на Заев Зоран Башановиќ. Бугарите ја проследиле информацијата до Белград минатата недела, дознава Информер.рс.
Според ексклузивната вест на Информер, „српскиот тајкун Ѓилас“ допатувал во Скопје за на 8 февруари во една од „скопските резиденции“ на Заев да ги договори деталите на планот за соборување на Вучиќ од власт во Србија.
Порталот наведува дека на средбата билусвоен план од пет точки, кој во наредните шест месеци треба да доведе до општ хаос во Белград и во Србија.
На состанокот Зоран Заев ги нагласил пријателските контакти со Рамуш Харадинај и укажал дека Харадинај би бил подготвен да ги финансира падот на Вучиќ и проментата на режимот во Белград доколку опозицијата по доаѓањето на власт го прознае Косово без условувања. Бернс, пак, навел дека Ѓилас е најпогодна личност за лидер на опозицијата и дека самиот мора да понесе дел од финансискиот товар, како што го сторил тоа Заев во Македонија. Заев ветил дека ќе се обиде да ги убеди Вук Јеремиќ и останатите лидери на опозицијата да го прифатат Ѓилас за водач на целата опозоција, пишувало во доверливиот документ во кој имал увид Информер.
Целиот текст ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.