Имаме места во болниците за следните 24 часа, можеби малку повеќе, и после тоа треба да отвориме нови капацитети, предупреди директорот на Клиниката за инфективни болести во Белград, д-р Горан Стевановиќ.

Тој изјави по состанокот со министерот за здравство и другите директори на ковид и нековид болниците, дека ситуацијата во Србија е алармантна и дека речиси нема повеќе места за ковид пациенти.

Приливот на пациенти не се намалува, имаме места за 24 часа и повеќе, а потоа ќе мора да се отворат нови капацитети, рече тој, обраќајќи им се на новинарите.

Тој рече дека голем број пациенти стануваат сè помлади и кои имаат сериозни клинички слики и кои често пристигнуваат во болниците по седум дена домашно лекување.

Тој исто така повика на иницијатива – вакцината против коронавирус да биде задолжителна за здравствените работници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.