Индиски вид коронавирус е откриен во Хрватска, изјави Ивана Пем Новосел од Хрватскиот институт за јавно здравје во емисијата Студио 4, пренесуваат хрватските медиуми.

Откриено е пред неколку дена во Сплит-Далмација, но ова се индивидуални случаи и нема причина за паника“, рече таа, додавајќи дека грижата треба да продолжи.

Индискиот вид на коронавирус дава слични симптоми на другите видови на вирусот: треска, губење на чувство за мирис и вкус, кашлица, релјефен јазик (познат и како јазик на ковид), белузлави промени на ноктевата плоча (исто така познат како ковид- нокти), замор, главоболка

Пред една недела оваа варијанта на ковид беше потврдена и во Унгарија. Два случаи беа потврдени во оваа земја на 28 мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.