Најмалку три лица се уапсени, уништени се два автомобили и шатори во инцидентите што во текот на ноќта се случија во прифатниот центар за бегалци и мигранти на Хиос, објавија локалните медиуми од грчкиот остров, јави дописничката на МИА од Атина.
Мигрантите и бегалците палеле шатори и се судриле со полицијата, а рано утрово ситуацијата била ставена под контрола.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, инцидентите започнале вчера попладне по информацијата дека починала 47-годишна жена од Ирак, но траеле кусо и одново започнале откако во бегалскиот камп се проширила шпекулација дека коронавирусот е причината за смртта на бегалката.
Жената во четвртокот со треска била пренесена во болница, добила лекови и упатства, но била тестирана и за Ковид-19, а резултатот бил негативен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.