Околу 2000 баратели на азил, со слогани „Слобода” излегоа на протест на грчкиот остров Лезбос и се судрија со полицијата, која употреби солзавец и шок бомби, објавија грчките медиуми.
До инцидентите дошло кога полицијата не им дозволила на бегалците и мигрантите сместени во кампот Мориа да стигнат до центарот на градот, по што, според грчката новинска агенција АНА-МПА, дел од мигрантите почнале да палат ниви што се во околината, друг дел се упатиле кон планината што е во близина, каде што исто така подметнале пожари и тоа во близина на електроцентрала, јави дописничката на МИА од Атина.
Полицијата за да ги спречи, употребила солзавец и шок бомби, а противпожарната служба ги гасне пожарите.
Група мигранти успеала да стигне до центарот на Митилини, да го блокира централниот пат и да постави шатори, а како што објави информативниот портал од островот „Сто ниси” меѓу насобраните мигранти има и деца.
Дел од медиумите во Грција, објавија дека тензично било и во бегалскиот камп Кара Тепе исто така на Лезбос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.