Социјалистичка Федеративна Република Југославија се распадна пред точно 30 години, но верувале или не нејзиниот имот уште не е поделен. За ова прашање ќе се расправа на седницата на Европскиот парламент во април а покренато е од известувачот за Црна Гора Тонило Пицула.

Меѓу поддржувачите на оваа иницијатива е и Илхан Кучук, известувачот за Македонија па останува да видиме колку тој ќе се залага нашата земја да добие од колачот.

За делење е воениот имот и зградите во кој се наоѓаа дипломатските претставништва низ светот на атрактивни локации. Потоа недостасаните средства на сметките на некогашната Народна банка на Југославија и државните претпријатија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.