Заменик претседателот на, од вечерва, втората политичка сила во Бугарија, „Постои таков народ”, Ташко Јорданов, по завршувањето на денешните парламентарни избори во земјата изјави дека луѓето на побараа промени, затоа што досегашното статус кво натаму не ќе може веќе да опстојува, јавува дописникот на МИА од Софија.

Јорданов кажа дека нивната партија ќе го исполни ветувањето дека нема да се коалицира за статус кво.

-Ние нема да коалицираме со ГЕРБ, БСП, Движењето за права и слободи и оние на војводата шкембар. Ние, за разлика од нив, не лажеме, рече Јорданов во коментар за телевиизјата 7/8 на Слави Трифонов.

Јорданов дури рече дека ако се постигне нов избор на влада, тогаш ќе следат нови избори во Бугарија.

Лидерот на партијата „Има таков народ”, Слави Трифонов, ТВ водител и шоумен, вечерва на својот официјален профил на Фејсбук, на крајот од изборниот ден, напиша дека има симптоми на Ковид-19 и дека ги прави потребните истражувања и се изолирал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.