Победникот на парламентарните избори во Бугарија на 11 јули „Има таков народ“ ќе предложи нова влада, повторно со свој состав и ќе побара поддршка за неа од двете партии Демократска Бугарија и „Исправи се! Мафија надвор!”, објавија на прес-конференција Тошко Јорданов и Филип Станев, кои се дел од раководството на партијата.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, „Има таков народ“ има неколку кандидати за премиер.
Јорданов рече дека нема да каже за кого станува збор. Доколку идната нацрт-влада на „Има таков народ“ не добие поддршка, тие нема да ја исклучат можноста за нови избори, но додаваат дека не сакаат нови избори.
„Има таков народ“ нема да ја поддржи владата на ГЕРБ, БСП и МРФ. Николај Василев, кој беше предложен за премиер од лидерот на „Има таков народ“ рече дека тој не зависи од Движењето за права и слободи и ги отфрли информациите за неговата зависност од бизнисмени и олигарси. Тој рече дека ги поддржува идеите на економскиот тим на победничката партија и дека останува во пријателски односи со нив.
Василев истакна дека поради Делјан Пеевски, кој важи за најголемиот олигарх во Бугарија, тој го напуштил Министерството за економија поради неподготвеноста да се приватизира бугарската државна компанија „Булгартабак“.
Во четвртокот „Има такав народ“ објави дека ја повлекува предложената влада со премиер Николај Василев и ќе предложи ревидиран состав со друг премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.