Во Хрватска во следните недели треба да бидат испорачани до два милиона дози од руската вакцина „Спутник“. Испораката од Русија е договорена во дипломатски разговори и сега преостануваат да се задоволат регулаторните фактори за руската вакцина да биде увезена во Хрватска.

Според неофицијални информации на „Индекс.хр“, Хрватска нема да чека Европската агенција за лекови (ЕМА) да ја одобри руската вакцина.

Иако се очекува ЕМА да донесе одлука дури во април, хрватската Агенција за лекови и медицински производи (ХАЛМЕД) во најбрз можен рок, можеби дури и оваа недела, ќе донесе одлука за одобрување на вакцината „Спутник“.

За вакцината да стигне во Хрватска, Халмед ќе мора да одобри интервентен увоз. Тоа може да се направи под одредени услови.

Условот за увоз на руската вакцина е таа да нема тешки нуспојави, односно да е безбедна, но и да не постои нешто слично на пазарот. Иако на пазарот постојат слични вакцини, ги нема во доволни количини. Тоа и би требало да е главниот аргумент за интервентен увоз на „Спутник“ во Хрватска.

Хрватските епидемиолози предложиле увоз на една до две милиони дози на руската вакцина, но точната количина се уште треба да се дефинира, доколку биде исполнет процедуралниот фактор за увоз на „Спутник“ во Хрватска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.