Двајцата црногорски државјани, на возраст од 44 и 54 години, кои се уапсени под сомнение дека ограбиле позната златарница во Париз и украле накит во вредност меѓу два и три милиони евра и припаѓаат на групата Пинк Пантери, пишуваат француските медиуми.

Грабежот бил изведен филмски – го искористиле моментот кога познатиот актер Жан Клод Ван Дам бил во оптика во непосредна близина на златарницата, па сите гледале во него. Го ставиле накитот во кеса, се заканиле со бомба по што избегале на тротинет. Грабежот на златарницата „Шоме“, која се наоѓа во непосредна близина на Елисејските полиња во прискиот Арондисман 8, француските медиуми ја опишуваат како речиси совршена.

Според тоа што се гледа на снимките од надзорните камери, еден од разбојниците, околу 17 часот влегол во златарницата преправајќи се дека е заинтересиран за купување одредени парчиња накит.

Беше во сиво одело, иамше очила и маска. До златарницата дојде на зелен тротинет – медиумите пренесуваат детали од истрагата.

Тој имал скриен пиштол, кој вработените не го забележале, а кој го извадил откако од нив побарал да му ги покажат драгоцените камења.

Вработениот ги ставил на послужавник пред него, по што разбојникот извадил пиштол и ги побарал клучевите од витрините – вели извор од истрагата за француските медиуми.

Разбојникот го земал накитот вреден речиси три милиони евра, го спакувал во кеси и со пленот исчезнал на тротинетот.

Вработените стоеле неподвижни затоа што им се заканил дека, доколку некој се помести или повика полиција, ќе активира бомба.

Пред да побегне, ги заклучил вработените во златарницата, а надзорните камери снимиле дека се упатил кон реката Сена до метрото, а таму му се изгубила трагата.

Полицијата тргнала во потрага за разбојникот и неговиот соучесник и открила дека изнајмиле соба во хотел во Арондисманот 3. Кога дошле во апартманот, осомничените веќе не биле таму, но полицијата во собата пронашла докази дека тие двајца тоа утро се качиле на автобус кон Белград.

Автобусот се оддалечил околу 200 километри од Париз, во правец на Германија, кога на една бензинска пумпа, каде што автобусот ја правел последната пауза пред да излезе од Франција, вооружени полицајци го опколиле автобусот.

Сите патници биле извадени надвор и по неколкучасовен детален претрес на секоја торба во автобусот го пронашле накитот.

Сепак, не е познато дали бил пронајден целиот украден накит, а според коментар на социјалните мрежи на еден патник од автобусот, единствено што било пронајдено биле два гердана и еден пар обетки.

На двајцата приведени им е одреден притвор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.