Осми ден Србија трага по дванесетгодишната Моника Каримановиќ, која исчезна утрото на 20 декември кога тргнала на училиште.
Потрагата зема поголем замав кога сите траги почнаа да укажуваат дека со исчезнувањето на девојчето е поврзан озлогласениот повеќекратен силувач Нинослав Јовановиќ, познат како „Малчанскиот бербер“, а кој во март годинава повторно излегол од затвор.
Но, кој е серискиот педофил „Малчанскиот бербер“ по кого веќе шест дена трага полицијата? Тој е монструозен педофил кој киднапира девојчиња, им ја стриже косата, а потоа ги силува. Отсечена коса била најдена во штала на една куќа, а сомнежот е дека косата ѝ припаѓа на грабнатата Моника.
Две недели пред да ја грабне Моника Јовановиќ, според српските медиуми, во фризерски салон одвел девојче за кое кажал дека му е ќерка и побарал да ја истрижат. Утредента се вратил и побарал да му ја дадат нејзината коса.
„Малчанскиот бербер“ бил повеќекратно осудуван силувач, а една од претходните жртви за „Вечерње новости“ раскажала потресно сведоштво.
Пред петнаесет години тој човек ми правеше ужасни нешта од кои никогаш не закрепнав. Кога слушнав дека е пуштен од затвор, умрев од страв. Не поради себе, туку поради своето дете. Сега јас имам ќерка, малечка е, има пет години, но сепак се плашам бидејќи тој манијак е на слобода. Оваа вест дека Моника исчезнала ми го врати филмот. И јас тогаш имав 12 години. Сите ужаси повторно ги преживувам, вели 27-годишната Н.П., која се сеќава дека Малчанскиот бербер влегол во нивната куќа и се претставил како пријател на нејзиниот татко кој починал пред кратко.
Таа раскажува дека ги замолил нејзе и брат ѝ да тргнат со него, за нешто да му помогнат. На половина пат го прашал девојчето дали сака да ја продаде косата на фризерски салон за пари. Бидејќи сумата била привлечна, таа се согласила, а нејзиниот брат се вратил дома по ножици.
Кога останав сама со него, ме одведе на сосема друга страна, се потсетува на морничавите детали сега мајката на три деца.
Скршнавме и одевме низ некои ниви. Знаев дека нѐ измами. Се обидов да избегам, но не успеав. Ме одведе во една напуштена куќа. Ми се закануваше, кажа дека насекаде има негови луѓе и да не се обидувам да избегам, дека ќе ме убијат ако ме видат. Тогаш извади ножици и почна да ме стриже. Плачев, а потоа ме силуваше. На крајот на денот ми кажа дека може да си одам и ме пушти. Со години го сонував тој кошмар“, раскажува жртвата.
И роднините на Нинослав Јовановиќ велат дека се во шок и во страв од Јовановиќ.
Тешко ни е, и ние сме во шок. Стравуваме како и сите за нашите животи, а притоа сите покажуваат со прст во нас. Тој е отпишан за нас, не сме го виделе со месеци, изјавил за Новости роднина на Јовановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.