Претседателот на Албанија, Илир Мета и американската амбасадорка во Тирана. Јури Ким, разменија обвинувања откако Мета ги повика Албанците да го заштитат нивниот глас од кражба на владејачката Социјалистичка партија, ако треба дури и со употреба на „вили“, објави „Exit.al“.
Неприфатливо е некој да се заканува дека ако не им се допаѓаат резултатите од изборите, граѓаните треба да ги земат вилите на 25 април. Ваквите закани заслужуваат да бидат казнети. Оние што иницираат насилство ќе одговараат за своите зборови и постапки. Стоп – порача американската амбасадорка, по изјавата на Мета.
Претседателот Мета, пак, на телевизиско гостување изјави дека САД се мешаат
во внатрешните работи на државата и реагираше на упатената порака од
страна на амбасадорката Ким.
Сум ѝ кажал на амбасадорката: „Ако имате нешто за мене кажете, бидејќи јас знам дека ако сакате можете да ме ликвидирате. Но, барем однесете ме во планина и пуштете една ракета за да не оштетите други луѓе“. Ако го сакаат Еди Рама нека го земат во Америка. Тука одлучуваат Албанците. Дали се плашам од Америка затоа што имаат носачи на авиони?! Па, и Русија има – порача Мета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.