Портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому, коментирајќи го потпишаниот договорот за воена соработка меѓу Скопје и Анкара, изјави дека во пракса се покажало дека  биле наивни и површни ставовите оти Договорот од Преспа ќе претставувал пречка за каква било соработка на Турција со Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Владата во однос на договорот потпишан во Истанбул, Иконому потенцираше дека станува збор за две земји членки на НАТО.

Како што знаете нашата земја има свој одбранбен договор со Република Македонија. Турција и Македонија се две земји членки на НАТО. Следиме и знаеме дека овој договор беше потпишан во Истанбул на маргините на саемот за одбранбена индуситрија. Нешто што би можело да се додаде е дека во пракса, се покажува дека се многу наивни или површни оние ставови што поддржуваа дека Договорот од Преспа ќе претставуваше пречка за влезот на Турција за соработка на било кој начин со нашата соседна земја – изјави Иконому.

Потпишаниот договор меѓу Македонија и Турција, го коментираше и поранешниот шеф на грчката дипломатија и надлежен за надворешна политика во СИРИЗА, Јоргос Катругалос, кој на „Твитер“ напиша дека таквите договори со Грција чекаат две години за нивно гласање, а за нови не се ни споменува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.