Новинарите на „Јутарњи лист“ биле на полицискиот увид во Брезовица на местото каде шесткратниот убиец извршил самоубиство при неговото апсење. Такси-возилото „Шкода Октавија“ што го управувал е пронајдено покрај навидум напуштената зграда во областа Брезовица. Порталот дознава дека ужасно злосторство го извршил Игор Наџ.
Тој убил три жени, двајца мажи и едно 10-годишно дете во четвртокот вечерта на улицата „Радослав Кимерман“ во едно од најтешките злосторства по независноста на Хрватска.
Познати се и имиња на четири жртви: Драгомир Тојагиќ, Јосипа Тојагиќ, Фиjка Тојагиќ и Маја Тојагиќ.
Сестрите Маја и Јосипа беа убиени, а 10-годишниот најверојатно бил син на Маја.
-Бебето, кое е пронајдено неповредено на местото на злосторството, е дете на убиецот кој потоа извршил самоубиство, пренесува Морнинг.
Според Индекс.хр, Игор бил момче на Маја, која за осум дена требало да наполни 35 години. На адресата на која се случило убиството е регистрирана фирма Јури Жури, на која како сопственикс е јавува Игор. Таа била регистрирана годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.