Забрана за влез во затворени простории за невакцинираните; рок на траење на сертификатот за вакцинација за лицата над 60 години; интензивирање на контролите, се дел од дополнителните мерките што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги соопшти во неговата телевизиска порака до граѓаните.

Грчкиот премиер во својата денешна изјава пред медиумите откри дека од претседателката на Европската Комисија ќе побара дигиталниот сертификат да биде валиден само по примена трета доза.

За валидноста на сертификатите, во допис до претседателката на Европската Комисија ќе предложам дигиталната европска потврда да важи само доколку ја наведува третата доза по шест месеци. Со цел да избегнеме било каква пукнатина во ѕидот на имунитетот што е веќе изграден на нашиот континент, рече грчкиот премиер.

Мицотакис објасни дека на граѓаните им се даваат седум месеци по ревакцинацијата, односно еден дополнителен месец по поминувањето на периодот од шест месеци за вакцинација со третата доза.

Дополнително, објснувајќи ги мерките рече дека се зајакнува и здравствениот систем, веќе се мобилизираат приватни лекари и се вработуваат нови здравствени работници на местата на невакцинираните кои што се на принуден одмор.

Со овој план продолжуваме во следните два месеци. За оваа година да имаме подобар Божиќ од лани. А дотогаш, со континуираните контроли, многу тестирања и со мерки за лична заштита да се стабилизираат и да се намалат случаите. И вакцинација со прва и трета доза, особено за оние над 60 години, за намалување на хоспитализирањата и жртвите, рече Мицотакис во пораката до граѓаните.

Додаде дека „над седум милиони Грци ја одбраа вакцината, односно тројца од четворица возрасни“ се вакцинирани, но истакна дека сепак, 575.000 граѓани над 60 години се невакцинирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.