Расте бројот на лекари и просветни работници, организирани во групата Обединети против Ковид-19, кои се незадоволни од работата на Кризниот штаб на Србија и бараат од владата негова смена.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, досега отвореното писмо и своето незадоволство го имаат потпишано над 2.700 лекари и над 1.500 просветни работници.

-Просветние работници сметаат дека сега е вистинско време да ги поддржат своите колеги лекари во нивното право на критичко мислење и слобода на изразување, а особено да ги осудат сите притисоци и напади на кои се изложени потписниците на оваа иницијатива,изјави Весна Војводиќ од синдикатот на просветните работници „Независност “.

Таа додаде дека во судбините и приказните на лекарите тие ја препознале парадигмата на животот на наставниците.

-Ние овој удар на лекарите го гледаме како удар врз образованието. Како можеме да ги научиме учениците, младите, да го ценат знаењето во оваа земја, ако тие, како сега докторите, доживеат понижување, етикетирање и на некој начин тривијализирање на нивното знаење и стручност. Како може еден млад човек да ми поверува кога ќе му кажам дека треба да учи и дека ќе биде ценет и дека ќе биде член на заедница чие мислење се почитува, кажа Војводиќ за ТВ Н1.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.