Три десноцентристички проевропски партии потпишаа договор за формирање нова влада во Романија, што ќе ја предводи актуелниот министер за финансии, Флорин Циту (48).
По изборите што се оддржаа на 6 декември, лидерот на владеачките либерали (НЛП), Лудовик Орбан, порача дека Романија треба што побрзо да добие влада што ќе ги спроведува реформите и ќе ја модернизира земјата.
Сигурен сум дека тоа ќе биде стабилна влада … посветена на интересите на граѓаните – изјави Циту, кој по професија е економист, а докторирал во САД.
Претседателот Клаус Јоханис денеска и официјално ќе го назначи Циту за мандатар, за тој до крајот на годината да може да побара доверба во парламентот.
Новата влада се соочува со низа предизвици, како што се почеток на вакцинацијата против корона вирусот, усвојување на буџетот за следната година, реформи за раздвижување на економијата.
Либералите и нивните сојузници, УСР-Плус и унгарската малцинска партија УДМР, имаат вкупно 244 места од вкупно 465. Тие, исто така, имаат поддршка од 18 малцински претставници.
Опозициските социјалдемократи ги добија изборите со тесно мнозинство, но немаа сојузници со кои би коалицирале, па мораа да им ја предадат власта на десноцентристичките партии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.