Снабдувачите на струја во Словенија од почетокот на следната година ќе ги зголемат цените за домаќинствата.

Мариборска Eнергија плус ја покачува струјата за околу 30 отсто, а бидејќи таа ставка сочинува приближно една третина од сметката, конечното зголемување на сметката ќе биде 10 отсто.

Истото прв го направи Петрол во Словенија, кој предложи 30 отсто повисока цена, додека природниот гас го зголеми за 12 отсто.

ГЕН-I, пак, најави дека нема да ги менува цените до пролет.

Енергетика Љубљана во декември ги зголеми сметките за парно за 20 отсто, по поскапувањето на топлинската енергија од 1 декември од 59,8 ева за мегават час на 75,3 ева за мегават час.

Словенечките медиуми пресметаа дека годишното поскапување на топлинската и топлата вода во Љубљана изнесува 17 отсто.

Меѓу 16-те словенечки снабдувачи најевтин е ГЕН-I, а потоа следува Телеком (кој ќе престане да работи од Нова година) и Сонце енергија. Разликата меѓу најскапиот (енергија, гас и струја) и најевтиниот снабдувач во Словенија е дури 65 отсто, јавува словенечката телевизија.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека на цените може да се влијае со регулирање на маржите, како и со воведување енергетски ваучер за ранливите домаќинства, пренесува Енергетика-нет.

Словенија увезува приближно 15 отсто од потрошувачката на електрична енергија во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.