Во Подгорица вечерва се одржува нов протест против најавата за гласање недоверба на актуелната влада и евентуалното формирање малцинска влада.
Граѓаните се собраа пред црквата Христово Воскресение, јави РТЦГ.
Според планот, насобраните во знак на протест треба да пешачат до зградата на Парламентот на Црна Гора.
Меѓу демонстрантите има и функционери на Демократска Црна Гора, Обединета Црна Гора и Вистинска Црна Гора, објави подгоричкиот весник „Вијести“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.