Претседателот на Народната партија (НС), Вук Јеремиќ, за Н1 изјави дека опозицијата „повеќе или помалку“ ја усогласила платформата за преговори за изборните услови со претставниците на властите во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Со недели разговаравме за содржината и би рекол, со одредени технички редакции што ќе бидат подготвени денес или утре, да успеавме да ја усогласиме таа платформа, изјави Јеремиќ за Н1.

Тој додаде дека верува дека платформата ќе биде единствена и дека наскоро ќе биде претставена.

Тој оцени дека непостои договор околу форматот на самите преговори „кога станува збор за актерите во опозицискиот фронт“.

-Овој дијалог ќе биде плоден онолку колку што опозицијата сериозно го сфати. Затоа НС предложи целата опозиција да биде претставена од само еден или двајца преговарачи кои не мора да бидат членови на ниту една од опозициските партии, кажа Јеремиќ.

Како можни кандидати за преговарачи ги спомена поранешниот претседател на Демократската партија, Бојан Пајтиќ и професорот на Факултетот за политички науки во Белград, Слободан Самарџиќ.

Претседателот на НС оцени дека власта сака да го претвори дијалогот во „еден вид ријалити“ во која сите страни што сакаат да учествуваат треба да испратат по двајца преговарачи.

-Па, тоа би значело 30-40 преговарачи на опозицијата и не знам ни колку се преговарачи на власта. Во таков формат ништо не може да се договори, кажа Јеремиќ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.