Словенечката влада одлучи дека Хрватска и понатаму останува на списокот на Ковид-19 безбедни земји, врз основа на нивните проценки, изјави денеска портпаролот на владата Јелко Кацин.

Како што рече, иако бројот на новозараени во Хрватска надминува 10 на 100 илјади жители во изминатите две седмици, што автоматски земјата би била надвор од списокот, Словенија донела одлука Хрватска да остане на неа бидејќи е уверена дека земјата ќе успее да го забави ширењето на вирусот, пренесува СТА.

Официјална Љубљана добила информации дека Хрватска донела одлука за ги затвори ноќните барови и дискотеките, бидејќи локалните здравствени власти сметаат дека тие се жариштата каде што се шири заразата.

Инаку, само во Загреб денес се потврдени 19 нови случаи на лица заразени со коронавирусот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.