Уште еден Македонец починал откако почнал да се лекува кај надрилекарот од Србија Мирољуб Петровиќ.

Српскиот весник „Блиц“ во денешното издание објавува сведоштво на вујкото на 42-годишниот Ристо Крстевски, Александар Илиевски, кој тврди дека неговиот внук Ристо починал по едногодишно лекување со тинктурите на Петровиќ, за кои платил цело богатство, па дури се задолжил и со кредити.

Според Илиевски, кој, како што пишува Блиц е од околината на Прилеп, на неговиот внук Ристо во ноември 2016 му бил дијагностициран карцином на грлото и веднаш се обратил кај Петровиќ.

Крстевски се лекувал цела година со тинктурите на Петровиќ, а 12 дена бил и во неговиот центар кај Лесковац. Но, неговата состојба на крајот се влошила и тој починал на 17 декември 2017.

По смртта, Илиевски се обратил до Петровиќ, од кого добил одговор дека се неблагодарни и им порачал да не го бараат повеќе.

Целиот текст можете да го прочитате на Blic.rs



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.