Немилите сцени од Будва во кои се гледа невидена примена на сила на специјалците кои упаднале во зградата на Собранието на општината, подигнаа огромна бура на социјалните мрежи, посебно глетката со клечење на врат на уапсениот, налик на убиството на Џорџ Флојд во САД.
Покрај снимките на кои се гледа како се изведени и со брутална сила уапсени градоначалникот на Будва, Марко Царевиќ, претседателот СО Крсто Радовиќ, сцена која посебно предизвика морници и негодување на јавноста е клечење на вратот на еден од уапсените, Младен Микеља, секретар за инвестиции во општина Будва.
Mr. Orav, why are you silent? Milo Đukanović sent special police to beat and arrest the opposition government in Budva, he uses force to take power in Budva! @EUAmbME @tfajon @veceivan pic.twitter.com/nXsVBNno6B
— Никола Милачић (@nikolamilacic76) June 17, 2020
Марко Ковачевиќ, портпарол на Демократскиот фронт за Курир вели дека оваа фотографија најдобро го опишува односот кон Србите и српските политичари во Црна Гора.
Овде се се гледа „црно на бело“. На сите им е јасно колку е брутален односот на полицијата на Ѓукановиќ кон српските политичари – вели Ковачевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.