Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти за 217 нови случаи на Ковид-19 и дополнителни три смртни случаи. Вкупниот број на заболени лица во земјата се зголеми на 7.684, а починаа вкупно 235 лица.
Во изминатите 24 часа на Кипар е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19 во споредба со изминатите денови. Од 3.372 направени тестови, позитивни се 26 лица, од кои 11 случаи се од анализираните примероци во прифатен центар за мигранти. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 1.385 случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.