Митрополитот дабробосански Хризостом, кој ја презеде функцијата поглавар на Српската православна црква (СПЦ) по смртта на патријархот Иринеј, е позитивен на коронавирус и  пренесен во болница во Белград, објави СПЦ во петокот.

До изборот на новиот патријарх, Хризостом го наследи Иринеј, кој почина на 20 ноември од последиците на ковид-19.

Во соопштението на Српската православна црква не се наведени детали за здравјето на Хризостом, кој во текот на вчерашниот ден служеше литургија во Печката патријаршија на Косово, престолот на српските патријарси.

Неговото високопреосвештенство митрополит Дабробосански г. Хризостом, чуварот на патријаршискиот престол, беше примен во Клиничкиот болнички центар „Д-р Драгиша Мишовиќ“ во Белград на 4 декември 2020 година, во вечерните часови, поради позитивниот резултат од тестирањето за вирусот КОВИД-19, објави Српската православна црква.

На крајот на минатиот месец, Митрополитот Хризостом ја водеше церемонијата за покојниот Иринеј во Белград. Претходно, патријархот Иринеј ја водеше литургијата на погребот на Црногорскиот и приморскиот митрополит Амфилохије, кој исто така почина како резултат на инфекцијата со ковид-19.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.