Комисијата за имунизација во Министерството за здравство на Грција даде зелено светло вакцината на „АстраЗенека“ да се користи за целото население, односно и за граѓаните над 65-годишна возраст.

Претседателката на комисијата, Мариа Теодориду, на редовна прес конференција за процесот на имунизацијата во Грција соопшти дека таквата одлука доаѓа по трите нови истражувања за ефикасноста на вакцината на „АстраЗенека“ кај возрасни лица.

Во Грција минатиот месец почна вакцинацијата со вакцината на „АстраЗенека“, но за само за лицата на возраст од 60 до 64 години, нешто што од сега ќе се промени.

Генералниот секретар во грчкото Министерство за здравство, Мариос Темистоклеус, соопшти дека досега во земјата се вакцинирани 7,12 отсто од популацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.