Потпретседателката на Владата на Србија и министерка за градежништво, Зорана Михајловиќ јавно проговори за тоа како во еден период од животот трпела насилство од партнерот.
Таа за тоа проговорила во утринската програма на ТВ Прва, каде што рекла дека тоа се случувало во еден период од животот, и дека тогаш реагирала и пријавила што и се случува.
– Тоа беше еден од моите поранешни партнери-рекла Зорана на прашањето кој вршел насилство над неа.
Како што рекла тоа се случило своевремено, реагирала, пријавила, но додала дека тогаш не постоел таков закон каков што постои денеска, кој им овомзожува на жените да ја добијат потребната поддршка.
– Кога зборувам за насилството врз жените, тогаш кога тоа мене ми се случуваше, не беше изменет законот и тогаш не можевте ништо друго да направите ако некој ве прогонува и ако имате таков вид на насилство низ какво што минував јас во еден период од животот. Сега законите се променети. Сите ние треба да реагираме и помогнеме, а не да се правиме луди кога знаеме дека покрај нас постои некој кој трпи таков вид на насилство-рекла Зорана.
Што раскажала министерката Мијаловиќ за насилството врз жените, може да се види во видеото од 13.25 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.