Меѓу петте јахти и помали бродови кои изгореа во голем пожар што избувнал во пристаниште во марината Каштела, во Каштел Гомилица на хрватското приморје е и јахтата на српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.

Поранешниот сопруг на пејачката Северина за хрватските медиуми потврдл дека јахтата изгорела во пожар во Каштел.

Да, и мојата јахта изгоре – изјави Поповиќ за порталот 24 Сата.

Во марината Каштел Гомилица во Хрватска се наоѓаат најскапите бродови и јахти. Уништени се пет бродови, а два потонале.

Пожарникарите се бореле со пожарот скоро два часа. Се слушале експлозии по што настанал голем пламен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.