Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пристигна во Големата џамија „Аја Софија“, која по 86 години денеска се отвори за извршување намаз, јави агенцијата Анадолија.
Ердоган околу 12 часот по локално време пристигна на плоштадот пред Аја Софија, каде што беше пречекан со аплаузи од страна на граѓаните, јавува агенцијата.
Турскиот претседател беше прудружуван од шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун.
За извршување на петочната молитва, Ердоган влезе во Големата џамија „Аја Софија“ каде што беше пречекан од страна на претседателот на Управата за верски работи на Република Турција, Али Ербаш
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.