Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација откако заменик-министерот за регионален развој во неговата влада Николај Нанков попладнево објави дека е позитивен на коронавирус.

Имам негативен ПЦР тест од утрово. Тестот беше направен пред мојата средба со делегацијата на САД. Пред меѓународните средби и патувања, според барањата на релевантни безбедносни длеегации, се тестирам. Во 16 часот денеска бев информиран од заменик-министерот Нанков дека е позитивен на ковид-19. Очекувам насоки од здравствените власти, а дотогаш ќе бидам во самоизолација. Со него последен пат бев во контакт пред 5 дена, напиша Борисов на својот официјален фејсбук профил.

Имам отрицателен PCR тест от тази сутрин. Тестът е направен преди срещата ми с делегацията от САЩ. Преди международни…

Gepostet von Boyko Borissov am Freitag, 23. Oktober 2020

Претходно во изолација поради контакт со заразен од Ковид-19 беа и министерот Красимир Каракачанов и претседателот Румен Радев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.