Албанската Влада потпиша договор со турскиот дистрибутер „Кејмен илач санаји ве тикарет“ (Keymen Ilaç Sanayi ve ticaret), преку кој ќе обезбеди вакцини против Кови-19 од кинеско прозводство, пренесе Топ чанел телевизија.

Како што јави телевизијата „Топ чанел“ големо количество кинески вакцини деновиве ќе прстигне во Албанија иако износот не е познат поради деловна тајна, но се најавува масовна вакцинација на населението.

И министерката за здравство Огерта Манастрлиу денеска најави приситигнување голем број вакцини и започнување масовна вакцинација на населението, откако Парламентот даде зелено светло за набавка на вакцини и од кинеско и руско производство.

Набрзо почнуваме масовна вакцинација со 10.000 до 15.000 вакцини дневно. На тоа работиме посветено. Очекуваме 60.000 до 80.000 дози преку КОВАКС механизмот, како и од поголемо количество од Фајзер. Актот што го изгласа денеска Парламентот го отвора патот за производствените компании и дистрибутерите кои имаат соодветни сертификати да може да ни достават вакцини, со цел да продолжиме со планот за имунизација на населението, најави Манастрлиу.

Во Албанија моментно се користат три вида вакцини, на Фајзер, кои први пристигнаа, потоа на АстраЗенека и на Спутник В, кои вчера пристигна како донација од принцот на Обединетите Арапски Емирати. Во Албанија досега се пристигнати се над 90.000 дози вакцини.

Од 11 јануари кога почна вакцинацијата до сега имунизирани се 51.690 лица, главно здравствени работници, постари лица од 80 години, просветни работници и унверзитетски професори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.