Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, им порача на граѓаните на Загреб дека коронавирусот е многу поголем непријател на граѓаните отколку земјотресот.
Во моментов од коронавирусот во таа земја има 235 позитивни.
Затоа е најдобро да не се создава паника, а тие доколку се надвор, да бидат на раздалеченост која е препорачана за превенција од вирусот.
Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, ги повка најголемиот дел од загребчани да се вратат во своите домови, бидејќи, како што рече, живеат во градби за кои е потребен двојно посилен земјотрес за да се урнат.
Во делови од Загреб нема струја и вода после земјотресот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.