Одборот, се наведува во соопштението, изјавата ја донел „земајќи го предвид фактот дека културни и јавни тела на Србија, како и институции кои се финансираат од нејзиниот буџет, зачестено со години го негираат постоењето на хрватскиот јазик и неговата историја и го присвојуваат хрватското книжевно наследство, а особено хрватската книжевност на Дубровник, објаснувајќи го тоа со тезата дека дубровничките писатели наводно пишувале на српски јазик“.
Одлуката е донесена и поради фактот што во образовните програми во школите на Србија хрватскиот јазик наводно „лажно се прикажува како српски јазик кој само се нарекува со хрватско име“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.