Пред хрватската амбасада во Белград се одржа собир во знак на солидарност со жртвите од разорниот земјотрес во Хрватска. На собраните пред амбасадата им се обратил хрватскиот амбасадор во Србија, Хидајет Бишевиќ, кој крајно емотивно реагираше на пораките за поддршка.
На прашањето колку за него значи доаѓањето на луѓето на митингот за солидарност, Бишевиќ на работ на солзи одговори:
Тешко е… Право да ви кажам, тешко е да се опише со зборови колку значи ова. Ви благодарам.
На собирот за солидарност пред хрватската амбасада во Белград, активистката Аида Чоровиќ порача дека ниту короната, ниту дождот, ниту земјотресите не можат да ги спречат белграѓани да ги сакаат своите пријатели, да промовираат меѓусебна почит и, како што кажа, во овие сурови прилики, со солидарност и поддршка да покажат дека луѓето на овие простори имаат многу повеќе заеднички работи отколку разлики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.